Мората испрати јасна порака до Реал Мадрид!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората испрати јасна порака до челниците и стручниот штаб на Реал Мадрид во кое истакна дека сака место во стартниот состав или можност кариерата да ја продолжи некаде на друго место.

Шампионот на Европа ја активираше клаузулата во договорот на Алваро Мората и го откупи од Јувентус за 30 милиони евра и покрај тоа што шпанскиот репрезентативец немаше желба да се врати на Бернабе.

Пишувавме во претходните недели и месеци, планот на Флорентино Перез е да препродаде Алваро Мората, а доколку во Реал Мадрид сакаат да го задржат својот поранешен играч Зинедин Зидан ќе мора да му гарантира место во тимот.

„Не планирам да се докажувам на Зидан и Реал Мадрид. Не сум играч на Кастиља кој доби шанса да тренира со првиот тим. На клубот е да одлучи дали ме сака а јас ќе направам се за да бидам во стартниот состав“, рече Мората.

Пораката на Мората до Реал е повеќе од јасна, или место во стартниот состав или можност да пронајде нова средина.

„Доколку немам место во тимот ќе мораме да се свртиме на други солуции. Сакам да останам во Реал Мадрид но сакам значајна улога во екипата и да имам загарантирано место во стартниот состав“, заклучи Мората.

Шпанскиот интернационалец имаше одлична сезона во Јувентус а добрата форма ја докажува и на тековното ЕП во Франција каде што досега постигна три гола.