Мората со два гола му носи прв триумф на Јуве во ЛШ ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првите натпреври во новата сезона од Лигата на шампиони почнаа вечерва, а во Киев славеше Јувентус со 2-0 против Динамо.

Јувентус имаше голем број шанси, делуваше сигурно и поквалитетно од ривалот, но не беше одличен. Сепак, Алваро Мората постигна два гола за триумф од 2-0.

Во првиот дел Јуве имаше неколку шанси, а Алваро Мората се најде на вистинско место во точно време и успеа да постигне гол.

По тој гол Динамо ја презема инцијативата, но Јувентус играше на контра-напади и Мората успеа со глава да погоди и за 2-0.

Интересен меч беше одигран и во Санкт Петербург, каде што Зенит и Клуб Бриж одиграа 1-1.