Морган Гибс-Вајт го покажа повреденото лице – дали ќе биде подготвен за Вила? (ФОТО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот Морган Гибс-Вајт ги откри размерите на сериозната повреда на главата што ја заработи во победата на Нотингем Форест над Челзи (3:1), само неколку дена пред реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Астон Вила.

Англискиот репрезентативец на теренот на “Стемфорд Бриџ” мина само 20 минути откако влезе од клупата во второто полувреме, пред да го напушти натпреварот поради тешкиот судир.

Инцидентот се случи во 61. минута, кога Гибс-Вајт се најде во изгледна шанса, но при дуелот за топката силно удри во голманот Роберт Санчес.

Двајцата по судирот останаа на тревата со повредени глави и мораа итно да добијат медицинска помош.

По пет минути укажување помош, играчите го напуштија теренот со завиени глави – Гибс-Вајт го замени Крис Вуд, додека на другата страна влезе Филип Јоргенсен.