Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо веќе доведе тројца квалитетни играчи, но судејќи според се тука не е крај на „големиот Манчестер Јунајтед“.
Јунајтед веќе ги доведе Златан Ибрахимовиќ, Ерик Бејли и Хенрик Михтаријан, но тука не е крајот на засилувањата.
Знаете веќе и дека е блиску на Олд Трафорд и Пол Погба, кој може да го сруши рекордот и кој може да стане најскап играч во историјата на фудбалот.
И додека се чека во Погба, островските медиуми тврдат дека Јунајтед може да ангажира уште едно засилување во одбраната и тоа од Јувентус.
Мурињо наводно е одлучен да го доведе Леонардо Бонучи. Сити не успеа да го доведе 29-годишниот стопер, но Мурињо е спремен да испрати дури 60 милиони фунти на адреса на италијанскиот шампион.
Тој и Бејли треба да го сочинуваат стоперскиот тандем на Олд Трафорд. Покрај тоа, Бразилецот Фабињо од Монако преговара со Јунајтед и неговото доаѓање е многу извесно.
Доколку сите играчи дојдат во Манчестер, нема сомнеж дека овој тим ќе биде главен кандидат за титулата шампион на Англија.