Можеби сепак ќе заврши во Барселона: Мајсторијата на Дани Алвес ги воодушеви љубителите на фудбалот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилците успеаа да слават во полуфиналето на Копа Америка над Аргентина и се пласираа во финалето.

Иако Аргентинците пружеа добра игра во првото полувреме и имаа неколку одлични прилики, Бразил сепак поведе во 19. минута.

Голот го постигна Габриел Хесус, меѓутоа сите заслуги ги имаше Дани Алвес кој уште еднаш покажа дека е далеку од пензија.

Алвес моментално е без клуб откако му истече договорот со ПСЖ, но веќе неколку клубови се заинтересирани да го доведат. После овој потег само е прашање кој ќе биде најбрз.