Може да бараат нови клубови: Отпишани дури десет фудбалери на Барселона за следната сезона


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако ја освоија Ла Лига на доминантен начин, фудбалерите на Барселона уште една сезона ќе останат со празни раце кога во прашање е освојување на Лигата на шампионите.

По шокантниот пораз од Ливерпул со 4:0 веќе почнаа шпекулациите за големиот играчки рез кој би требало да се случи во летниот преоден рок.

Шпанскиот весник „АС“ денес објави дека челниците на Барселона донеле одлука да се продадат дури десет фудбалери ова лето.

На листата за продажба се наоѓаат неколку ѕвезди како Фелипе Кутињо, Самуел Умтити и Иван Ракитиќ а тука се и Малком, Денис Суарез, Силесен, Муриљо, Рафиња, Вермален и Кевин Принс Боатенг.

Боатенг и Мурило се на позајмица во Барселона, па клубот нема да се одлучи да ги откупи нивните договори од Сасуоло односно Валенсија.