Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед гостува кај незгодниот Њукасл, кој се бори за место во Лигата на шампиони (ЛШ), а екипата на Ерик Тен Хаг се соочува со сериозни проблеми.
Тен Хаг не може да смета на Касемиро поради суспензија, додека Рашфорд се повреди на последниот меч од ФА-купот против Фулам.
Рашфорд досега не одработи ниту еден тренинг со „црвените ѓаволи“ и поради тоа Тен Хаг не сака да ризикува со него, па ќе го одмори во мечот на „Сент Џејмс Парк“.
Англискиот напаѓач оваа сезона постигна 25 голови и седум асистенции за премиерлигашот во сите натпреварувања и е еден од најдобрите фудбалери на „ѓаволите“.