Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кевин Принц Боатенг можеби не е најдобар фудбалер на светот, но позади себе има спектакуларна статистика со која може да се пофали.
Некогаш најдобриот фудбалер на Милан, е најновото засилување на Лас Палмас. Направи вистинска “глупост“ кога премина од Милан во Шалке, каде што тргна неговата кариера во надолна патека. За време на кариерата на Сан Сиро, Боатенг воодушевуваше со своите игри и брзо го стекна епитетот миленик меѓу Росонерите.
После тоа следеше потполно нејасен трансфер во Шалке каде што не се наигра, а сега пробува да ја оживее својата кариера во Лас Палмас. Во своето деби во Примера лига, Боатенг постигна погодок и потврди дека ќе биде големо засилување. Тој податок му донесе неверојатна чест кој ја нема ниту еден професионален фудбалер моментално.
Имено, Боатенг постигна погодок во сите четири најсилни лиги во Европа. Во Англија беше стреелец за Портсмут во Премиер лигата, а во Италија беше редовен стрелец за Милан, постигна погодок и во Бундеслигата, а со голот против Валенсија ја започна својата кариера на одличен начин во Лас Палмас. Статистика вредна за почит, зарем не?