Можна размена на релација Рома- Интер: Икарди се сели во „волчицата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Мауро Икарди сериозно ја разгледува опцијата за преселба во редовите на Рома и би можел да побара да биде активиран договор меѓу клубовите за размена со Един Џеко.

Јасно е дека Икарди не е во плановите на Антонио Конте и се очекува да си замине од Интер во овој преоден рок, а јасно е дека и Џеко е една од трансфер целите на стратегот на „нероазурите“.

Рома го проценува Џеко на 20 милиони евра и веќе одби две понуди од 10 и 12 милиони евра од Интер, но би била отворена да пушти фудбалерот и плус да доплати пари за да го обезбеди потписот на Икарди.