Му беше соработник на Ѓоковиќ, а сега жестоко го критикува!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тениски експерт Крег О’Шенеси, кој во минатото соработуваше со Новак Ѓоковиќ, сега немаше убави зборови за најдобриот тенисер во светот.

Соработката со Ѓоковиќ заврши кога Горан Иванишевиќ стигна во стручниот штаб на Србинот и токму поради него О’Шенеси заработи отказ.

„Едвај е вредно да го споменеме дека Ѓоковиќ не освои медал во Токио и тоа е најмал недостаток. Дури и ако погледнеме поинаку, неговото однесување беше недолично за шампион, недостојно за лидер и еден спортист“, пишува во текстот на Џон Вертхајм.

Шенеси го поддржа тој став и се приклучи во критиките на Србинот.

„Ова е добро. Секоја чест Џон. Даде одговори на сите тешки прашања. Ова е одлично новинароство“, вели Шенеси.