Му пропадна трансферот во Манчестер Јунајтед, па сега кариерата ја продолжува во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Бруно Фернандес требаше да биде ѕвезда на преодниот рок во Англија.

Овој везен играч на Спортинг со недели се поврзуваше со преминување во Манчестер Јунајтед и многумина веруваа дека тоа е завршено, но на крајот не дојде до трансфер.

Бруно Фернадес сеуште е играч на Спортинг, но се очекува од крајот на преодниот рок да ја промени средината. Според пишувањата на италијанските медиуми, тој сега се наоѓа на мета на Милан.

Росонерите го контактираче лисабонскиот клуб и спремни се да платат околу 40 милиони евра и во спротивен правец да го пратат напаѓачот Андреа Силва. Милан сака да го засили средниот ред и сега Фернандес е прва мета.

Овој 24-годишник изрази желба да го напушти Спортинг, а по пропаѓањето на трансферот во Јунајтед, се чини дека Милан му е единствена опција.