Му се заканува затворска казна, а на него му е гајле: Бензема не се појави на Суд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема денеска не се појави на почетокот на тридневното судење за неговата наводна вмешаност во уцените на поранешниот соиграч од француската репрезентација, Матје Валбуена.

Адвокатскиот тим на 33-годишниот фудбалер му кажа на Судот дека професионалните обврски го спречиле нивниот клиент да присуствува на судењето.

Бензема синоќа играше за Реал во Киев против Шахтер во Лига на шампиони, а в недела ќе игра против Барселона во шпанското првенство.

Освен Бензема, за обидот за уцена се обвинети уште четири лица, а казните се до пет години затвор и 75.000 евра.

Бензема е обвинет дека во 2015 година вршел притисок врз Валбуена да им плати на уценувачите, кои се заканиле дека ќе објават снимки со секс од него.