Му удри шлаканица на фудбалер во Тетово, па полицијата му стави лисици на раце (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сериозен инцидент се случи денеска во македонскиот фудбал на мечот меѓу Тетекс и Каменица Сада, кога еден навивач влета на теренот и удри противнички фудбалер.

Еден од навивачите не беше задоволен од ситуацијата, па влета на теренот и стигна до фудбалерот на Саса, Бошко Ступиќ по што го удри со шлаканица.

Ова е навистина срамна сцена за македонскиот фудбал, а Тетекс сигурно ќе добие казна поради пропустот.

Полицијата соопшти дека 18-годишното момче, кое го нападна фудбалерот, било уапсено.