Муарем Муарем денеска поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Скопје. Разделбата ја објави преку социјалните мрежи, по последниот пораз од Брегалница, соопштува МакФудбал.
Скопје остана без тренер по серијата без победа на стартот од сезоната. Муарем пристигна во клубот од Автокоманда на почетокот на сезоната, но во првите осум натпревари екипата забележа три нерешени средби и пет порази, со три постигнати и 12 примени голови.
„Сакам да изразам благодарност до управата на Скопје за довербата и да им посакам многу успех во иднина“, порача Муарем преку социјалните мрежи.
Според SportSport, Скопје во моментов е последнопласиран на табелата на Првата македонска фудбалска лига, со само три освоени бода по осум одиграни мечеви. Промовираниот клуб се бори за опстанок во елитата, а Муарем на „Пиратите“ им посака се најдобро во преостанатиот дел од шампионатот.
















