Мугуруза се запиша во историјата на шпанскиот тенис со трофејот во Мексико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гарбине Мугуруза ја освои титулата на завршниот турнир во ВТА кој се играше во Мексико, откако во финалето беше подобра од Анет Контавеит од Естонија со 2-0 во сетови.

Шпанската тенисерка со триумфот во Гвадалахара го освои првиот трофеј на завршниот турнир и поради тоа ќе ја заврши годината на третата позиција на ВТА-листата.

Треба да се напомене дека ова е историски успех за шпанскиот тенис и за Мугуруза, која стана првата тенисерка од Шпанија која го освоила завршниот турнир.

„Уште еднаш си покажав на себеси дека можам да бидам најдобра. Можеби не освоив гренслем турнир годинава, но многу сум среќна поради оваа титула“, кажа Мугуруза.