„Мундо Депортиво“: Димитриевски е одличен избор за Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ ѝ препорача на Барселона да се засили со македонскиот голман Столе Димитриевски.

Новинарот Жорди Батаља пишува дека Димитриевски има договор до 30 јуни со Рајо Валјекано и би бил идеална резервна опција за Марк Андре Тер Штеген.

„Голманот кој е стартер во Рајо, Димитриевски може да биде интересна опција без трошоци и големо искуство во Ла Лига. Овие два фактори го прават сериозен кандидат за нов голман на Барселона. Во јануари 2022 година, Димитриевски беше блиску, а потоа откри дека имал договор со Каталонците, но не го потпишале“, пишува шпанскиот медиум.

Димитриевски, сепак, пред неколку дена кажа дека постои огромна шанса да остане во Рајо Валјекано.