Мурињо го очекува шестмесечна суспензија!?

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи поради расистички коментари по истанбулското дерби му се заканува шестмесечна суспензија, пренесуваат турските медиуми.

Иако за португалскиот стручњак е познато дека е темпераментен и дека во последниве две децении тоа тешко било прифатливо, впечатокот е дека во понеделникот попладне отишол еден чекор подалеку кога искажал расистички коментари кон клупата на Галатасарај.

Мурињо го споредил скокањето на противничката клупа со мајмунско однесување, а имал и посебен коментар за судењето, навредувајќи ги домашните судии со оглед на тоа дека правдата ја делел словенечкиот судија Славко Винчиќ.

Веќе во вторникот, Галатасарај најавил судски процес против Мурињо и барање правда до највисоките инстанци во фудбалот, а под тоа подразбираме обраќање до УЕФА и ФИФА.