Мурињо бега од Рома и се враќа во Премиерлигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо доживеа уште еден болен пораз во Серија А против Интер од 0-3 на домашен терен, па во медиумите се појави вест дека Португалецот би можел да се врати во Премиерлигата.

„Специјалниот“ е желба на Евертон, кој се наоѓа во големи проблеми под водство на Рафа Бенитез. „Карамелите“ немаат триумф во последните осум кола, а сега имаат и три порази по ред.

Од друга страна, ниту на Рома не ѝ оди најдобро на стартот на сезоната затоа што оваа недела загубија од Болоња на гости со 0-1 и од Интер среде Рим со 0-3, по што паднаа на шестото место на табелата.

„Мирор“ пишува дека Мурињо најверојатно ќе се врати во Премиерлигата, но поставува прашање дали Португалецот е вистински човек кој може да го оживее Евертон со оглед на тоа дека не се прослави на кормилото на Тотенхем.