Мурињо би се преселил во Баерн Минхен, но само под еден услов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен неодамна остана без тренерот, Нико Ковач, па раководството на клубот сега е во постојана потрага по негова замена.

Во јавноста се појавија неколкуимиња како можни наследници на хрватскиот стратег, а некои од нив јавно ја отфрлија можноста да седнат на клупата на Баварците.

Наводно, Арсен Венгер сам се понудил да го води тимот, но бил одбиен, а сега медиумите во Германија пишуваат дека Мурињо бил подготвен да ја прифати работата во Минхен, само под еден услов.

Имено, Португалецот барал договор до 2022 година, а не како што Баерн е подготвен да понуди само до 2021 година. Португалецот доколку се биде како што треба би требало да седне на тренерското столче на „Алијанц Стадионот“ по репрезентативната пауза.