Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо само што го превзема Тотенхем, а призна и дека добил многу пораки после новиот ангажман.
Мурињо скоро една година беше без работа откако го напушти Манчестер Јунајтед, но сега се согласи на нов предизвик во Лондон и тоа веднаш откако Маурицио Покетино беше отпуштен.
„Можеби сега имам прилика да им се извинам на сите 500 што не добија повратен одговор на честитките бидејќи не можев да престигнам. Моментално имам 700 пораки на мобилниот, но имав време да одговорам само на 200“, рече Мурињо и додаде:
„Баш се чуствував убаво кога видов како од мојот последен клуб – Манчестер Јунајтед постојат луѓе кои ми укажаа почит. Беше одлично чувството. Сите пораки ми беа посебни. Прв беше генералниот директор на Јунајтед – Ричард Арнолд, а трет или четврт беше Ед Вудвард“.
Се смета дека Мурињо и Вудвард се во добри односи уште откако Португалецот владееше на Олд Трафорд и се верува дека ќе има сличен пакт и со претседателот на Спарсите – Даниел Леви.
„Да, мислам дека ќе се снајдеме.“, изјави Мурињо, па додаде:
„Тој ме викна и ми ја објасни визијата на клубот и го прифатив тоа. Тоа беше една од најважните причи поради која ја прифатив оваа работа. Па кога го направив тоа, тоа беше добар почеток.“
Првото деби на Мурињо на клупата на Тотенхем ќе го одигра утре од 13:30 на гостувањето кај Вест Хем.