Мурињо ги изненади сите: Засилувања? Не ми се потребни во Тотенхем!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо тврди дека во јануари не му се потребни засилувања. Португалскиот стратег од пристигнувањето во Лондон победи во четири од пет меча, па многу фудбалери се споменуваа како негови засилувања.

Сепак, Мурињо тврди дека засилувања не му се потребни, зашто има квалитетен тим.

„Опуштен сум затоа што во клубот го добив тоа што го очекував. Знаев и претходно дека нема да трошиме пари. Нема тајни меѓу газдата и мене и тоа ме прави среќен. Не сакам никакви засилувања во јануари“, вели Мурињо.

Тотенхем игра против поранешниот клуб на Мурињо, Челси, со кој освои три титули во англиската Премиерлига.