„Мурињо ги крши правилата, треба да оди во затвор“

Поради „насилничкото однесување кон Бастијан Швајнштајгер“ Жозе Мурињо треба да оди во затвор.
Тврди член на Здружението на светски играчи ФИФпро, Словенецот Дејан Стефановиќ:

„Во Словенија ќе го обвинија Мурињо и ќе му дадоа највисока казна – три години затвор“, рече Стефановиќ за ББС.

„Пристапот на Мурињо е многу лош пример. За злоупотреба и малтретирање следи затворска казна и правилата се јасни“, тврди Словенецот.

Тој смета дека Швајштајгер треба да се обрати до Здружението на професионални фудбалери и треба да поднесе тужба против Мурињо

„Сите играчи од првиот тим мораат да тренираат со екипата на исто место и во исто време – под ист принцип. Тоа се правила на ФИФА“, истакна Стефановиќ.

Бастијан може да се врати во Баерн после очајниот однос со Мурињо, иако 32-годишниот во минатата сезона одигра добри 31 натпревари за Јунајтед. Сега е друга приказна…