Мурињо го фрли сребрениот медал во публика (Видео)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо синоќа го загуби првото европско финале во кариерата, по што реши да го фрли својот сребрен медал во публика.

Мурињо беше разочаран и лут поради одлуките на главниот судија Ентони Тејлор, а револтот го покажа и со фрлањето на медалот во публика.

Засега не е познато дали Португалецот ќе остане на кормилото на клубот од Рим, откако најави дека во следните денови треба да одржат преговори со управата.