Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француската телевизија Канал + објави дека на Жозе Мурињо му се придружува стар познаник во Тотенхем.
Луис Кампос, кој во минатото работеше во Лил како спортски директор, доби слобода да пронајде нов клуб, а се покажа дека причината не лежи само во тоа што неговата улога стана маргинализирана.
Споменатите медиуми тврдат дека Кампос, добил понуда од Тотенхем, поточно од долгогодишниот пријател Мурињо, со кого соработувал и за време на неговата епизода во Реал.
Кампос беше скаут што го донесе Специјалниот во последната, трета година на мандатот на Сантијаго Бернабеу и како голем експерт за скаутинг се докажа скоро каде и да работеше. Особено во Монако.
За време на неговата работа во Кнежеството, тој пронајде многу играчи и подоцна ги препродаде по многу повисока цена. Некои од нив се Фалкао, Родригез, Фабињо, Марсијал…
Португалецот, наводно, се договорил со Тотенхем и само чека официјална потврда.