Мурињо го понижи Лацио како никој досега на Инстаграм (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома вчера во градското дерби триумфираа со 3-0 против Лацио во Серија А, додека најдобар на теренот беше Тами Абрахам со два гола.

Абрахам постигна гол во првата и во 21. минута, а третиот погодок го постигна Пелегрини со кој ги расплака ривалите.

По мечот во центар на внимание беше контроверзниот тренер Жозе Мурињо, кој испрати порака преку Инстаграм.

Мурињо објави две фотографии на кои е насмеан, а откри дека едната била направена во автобусот пред натпреварот.

„Кога и пред натпреварот знаеш дека ќе победиш. Фотографии од автобусот и соблекувалната се идентични“, напиша Мурињо на Инстаграм.