Mурињо губи од кого стигне, ама вели дека е најдобар: Мојот тим не е во криза! 🎥

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно ги изненади новинарите со неговата изјава по поразот од Вест хем.

Тотенхем се наоѓа на деветтото место на табелата, а Португалецот тврди дека е најдобар стратег во светот и привлече големо внимание на прес-конференцијата.

„Некогаш резултатите зависат од многу ситуации. Јас не гледам дека некој друг ги има методите кои ги имам јас. Кога тимот се бори до последната секунда нема криза. Можам да кажам дека станува збор само за лоши резултати“, изјави Мурињо.