Мурињо ја пофали Премиер лигата но ја „боцна“ и Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо ја пофали Премиер лигата на Англија во повеќе наврати, но сега баш го изнесе фактот кој оваа лига ја прави најсилна лига на светот.

Мурињо ја  пофали Премиер лигата, во контекст кога зборува за тоа дека во Англија секој може да добие секого, а дека во останатите првенства, еден, два, односно три клуба, а останатите не се важни, тој тогаш ја боцна Барселона.

Имено, сите ја замислуваат Барселона „Мајка Тереза“ на модерниот фудбал, но Специјал Он рече дека тие никако не се.

„Можеби англискиот фудбал се промени. Ова е единствена држава која сака тоа да се случи. Ова е единствена држава чија структура на фудбалот тоа го дозволува.

Во друтите држави  сакаат да им биде пријатно и да знаат дека секогаш ќе бидат најдобрите во Лигата на шампионите. Тие сакаат ова да биде натпреварување на два, три или четири, а ако е можно натпреварување на само еден тим. Па така ова е навистина посебна држава.

Кога ги слушате луѓето ширум Европа, постојат луѓе кои веруваат дека Барселона е “Мајка Тереза“ во фудбалот, но тие не се.

Одете во разни држави и гледате и гледате дека и тие други тимови се задоволни и среќни онакви какви што се.

Не е само во прашање колку се тие силни, се работи и за одење во клуб кој може да биде директна опасност, па така во секоја сезона ги „крадат“ најдобрите играчи. Во оваа држава сакаме лига!

Сите сакаат лига, одлична приказна како што е Лестер донесува повеќе кредибилитет на Премирер лигата, тоа е всушност затоа што Премиер лигата е Премиер лига!