Мурињо ја пронајде вистинската формула за успех, Тотенхем е на врвот на Премиерлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем и Мурињо денеска во дербито со Манчестер Сити (2-0) уште еднаш покажаа дека сезонава веројатно ќе бидат кандидат за титулата во Премиер лигата.

„Петлите“ одиграа добар натпревар и ги совладаа „граѓаните“ со 2:0. Натпреварот беше отворен рано уште во 5. минута од мечот, а стрелец беше Сон Хеунг Мин. Мрежата на Лорис се затресе после нешто помалку од половина час игра, погоди Лапорт. Сепак, овој гол беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме Манчестер Сити повторно имаше иницијатива, меѓутоа големи шанси скоро и да немаа. Конечните 2:0 го постави Џовани Ло Селсо после одличната асистенција од Хари Кејн.

После овој триумф Тотенхем ќе го симне од врвот Челзи и ќе остане таму барем до натпреварот помеѓу Лестер и Ливерпул кој се игра утре.