Мурињо ќе го удави, клучниот стопер веќе е повреден!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо денеска и официјално почна со работа во Јунајтед, а од Бали стигна лоша вест.

Крис Смолинг кој после бруката на ЕВРО отиде на летување и доживеа незгода.

Неговата слика го обиколи светот, а според последните информации го касна медуза.

Тој не е баш активен на друштвените мрежи после поразот од Исланд, советувано му е, како и останатите репрезентативци да се тргнат од медиумите додека во јавноста не помине бесот поради поразот од Исланд.

Поради тоа и неговата девојка е неактивна на Инстаграм во последните седум дена, а самиот Смолинг само на кратко се огласи да посака среќа на Рајан Гигс кој после речиси три децении го напушти Јунајтед.

Се смета дека Слолинг заедно со Баили ќе биде столб на одбраната во иднината, а местото виси на Дејли Блинд за кого се зборува дека може да замине од клубот.