Мурињо ќе тренира тим кој 10 години чека на титула?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо во јануари доби отказ од Рома, но само неколку месеци подоцна си најде нов ангажман.

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека Мурињо се согласил на двегодишен договор со Фенербахче.

Спортскиот директор на тимот, Марио Бранко наводно бил човекот кој го убедил Мурињо да се пресели во Турција.

Фенербахче заврши на втората позиција во Суперлигата, а Мурињо ќе треба да им ја донесе првата радост по пауза од 10 години, односно клубот за последен пат ја освои титулата во првенството во 2014 година.