Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо неодамна се врати во Премиер лигата по превземањето на Тотенхем.
Португалецот претходно го предводеше Манчестер Јунајтед три години, а во декември изминатата година доби отказ и од тогаш нема предводено ниту еден клуб.
Мурињо за време на својот престој во Англија живееше во хотелот Ловри во Манчестер, а во очи на дуелот на неговиот Тотенхем со неговиот поранешен клуб објасни зошто го направил тоа.
„Дали е чудно зошто престојував во хотел?“, запраша Мурињо. „Знаете ли кога би бил несреќен? Би бил несреќен да бев во куќа.“
„Ќе морав да чистам, не го сакам тоа. Ќе морав да пеглам, не знам како. Ќе морам да кувам, би зготвил само пржени јајца и колбаси – тоа е единственото нешто што можам да го направам.“
„Ќе бев несреќен. Живеев во прекрасен стан, тоа не беше соба. Целото време беше мој. Не бев присилен да заминам после една седмица“
„Не, беше мој. Оставив таму се, имав телевизија, книги, компјутер. Тоа беше стан, но со: ‘Донесите ми кафе со млеко, ве молам‘ или ‘Не сакам да се симнам на вечера, ве молам качете ми ја горе’, буквално имав се. Да бев во стан би ми било потешко. Ми беше добро, може да кажам одлично.“, објасни Мурињо.