Мурињо наиде на првите поголеми проблеми во Манчестер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед не можат да се помират со одлуката на Жозе Мурињо да го острани Бастијан Швајнштајгер од тимот.

Мурињо смета дека Швајнштајгер не му треба во наредната сезона и тоа многу ги погоди навивачите на Јунајтед.

Многумина се незадоволни со одредени постапки на Мурињо, па така тие ги наполнија неговите профили на друштвените мрежи со зборови за поддршка за искусниот Германец.

Со Хаштаг  #saveschweinsteiger се бара Мурињо да ја промени одлуката и на некогашниот играч на Баерн да смета.

За Швајни интерес покажаа Милан и Бешикташ и тој со сопругата Ана Ивановиќ може да ја промени средината.