Мурињо не му попушта на Бејл: Таа лага што ја напиша баш ми пречи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл на почетокот на сезоната го засили Тотенхем, каде што дојде на позајмица од Реал Мадрид, но не му оди како што очекуваше.

Бејл минатата сезона речиси и да не играше во дресот на „кралевите“, па реши да се врати во Тотенхем за да добие поголема минутажа.

Сепак, тој седи на клупата на Жозе Мурињо, кој не му дава шанса на репрезентативецот на Велс, а сега на Португалецот му пречи тоа што Бејл не е подготвен за игра.

Бејл напиша на социјалните мрежи дека е подготвен да игра, но така не смета и Мурињо.

„Објавата од тренинг со порака дека е подготвен за игра е целосно погрешна. Тоа е спротивно од реалноста, зашто знаеме дека има проблеми со мускулите. Таа лага ми пречи и ние тоа ќе го решиме“, кажа Мурињо.