Мурињо не се откажува од намерата да се врати во Премиерлига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо нема да ја добие работата во Баерн Минхен, а очигледно нема ниту во Арсенал, но останува само една опција за него во Премиерлигата.

Единствената опција која му остане ќе важи само доколку замине Маурицио Покетино. Аргентинецот лошо го предводи тимот на Тотенхем сезонава, па се шпекулира дека по караницата со Дани Леви ќе го напушти клубот.

Покетино сака да се пресели во Реал Мадрид, па доколку добие отказ тоа ќе биде многу реално, а исто така ќе му ја отвори и вратата на Мурињо во Лондон.

Мурињо тоа го чека за да се врати во Премиерлигата, а во моментов други понуди нема, па така ќе стане првиот човек во историјата кој ги предводел Манчестер јунајтед, Челси и Тотенхем.