Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот стручнак Жозе Мурињо нема да го користи Инстаграм до Божиќ.
Тој тоа денеска го објави на својата официјална страница, велејќи дека работите наскоро ќе станат сериозни и дека пред него е многу работа.
„Патувањето почнува утре и ќе трае се до 27 мај. Благодарам на сите што ме следите, ќе се видиме повторно за Божиќ“, напиша Мурињо.
Тој за БТ Спорт ја објасни причината за оваа одлука.
„Сега станувам сериозен. Ситуацијата стана посериозна. Забавата прекинува. Ќе се вратам за Божиќ и ќе споделам фамилијарни фотографии“, напиша Жозе.