Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во наредните денови ќе претстојува на турнеја во Кина.
На списокот од 25 фудбалери не се најде името на Златан Ибрахимовиќ, кој е на „продолжен“ одмор, а токму и тоа е причината за неговото неповикување.
„Го изоставив Златан од списокот од причина што моментално е на одмор од ЕП. Мојата одлука е претходно повеќе часовно ализирање и консултирање со помошниците“, рече Жозе Мурињо на прес конференцијата во Шангај, кој потоа додаде:
„Вистина е дека некои играчи кои ги водам во Кина играа повеќе натпревари од Златан на Евро. Руни, Смолинг и Рашфорд се на списокот, но не очекувам дека ќе играат“.
„Ибрахимовиќ моментално е на одмор, и физички и психички. Ќе ни треба одморен и спремен кога ќе почне сезоната“, додаде Мурињо.
Јунајтед во Кина ќе се сретне со Борусија од Дортмунд (22.7) и со Манчестер Сити (25.7), а после тоа следи и пријателски меч против Галатасарај.