Мурињо откачи со нервите поради гол со рака на Бетис 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бетис славеше против Рома со 5-2 во пријателски меч, кој го одбележаа многу инциденти на теренот, а беа доделени и неколку црвени картони.

„Волчицата“ при резултат 3-2 за Бетис доби црвен картон, а потоа беше исклучен и Жозе Мурињо поради жесток протест кај судијата.

Играчот на Бетис, Алекс Морено постигна гол со рака, а тоа ги налути фудбалерите на Рома, поради што Лоренцо Пелегрини доби втор жолт картон.

Потоа на теренот влета и Мурињо, кој протестираше, а судијата не сакаше да го слуша и му покажа директен црвен картон.

Тука не запре инцидентот затоа што во 65. минута беше исклучен и Манчини, а потоа и Карсдорп и судијата направи неверојатен хаос на пријателскиот меч.