Мурињо откри кој фудбалер е најдобар според него: Тој нема конкуренција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на кариерата, Жозе Мурињо смени многу клубови, а тренираше врвни фудбалери, но еден од нив бил недопирлив.

Додека се шпекулира за новиот клуб на Португалецот, тој имаше интервју за португалските медиуми и откри кој е најдобар фудбалер според него.

„Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо.. Сите се врвни фудбалери, кои доминираат секој ден во рок од 15 години, но ако морам еден да изберам, тогаш тоа е бразилскиот Роналдо. Тој е најдобар фудбалер во историјата според мене. Повредите му направија проблеми, инаку неговата кариера можеше да биде уште подобра“, вели мурињо.

Додека Роналдо беше во Барселона, во каталонскиот клуб Мурињо работеше како помошен тренер.