Мурињо отпиша девет играчи, меѓу нив и една ѕвезда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми донесуваат вест дека Жозе Мурињо денеска извршил разговор со деветмина фудбалери на Манчестер Јунајтед, на кој им порачал дека може да бараат нов клуб.

Меѓу играчите кои не се наоѓааат во неговите планови е и една голема ѕвезда и минатогодишно скапо засилување Бастијан Швајнштајгер. Некогашниот фудбалер на Баерн очигледно не ја пронајде својата среќа на Олд Трафорд и покажана му е излезната врата од клубот.

Жозе Мурињо сака да ја скрати екипата на 24 имиња, а во неговите планови не се вклопува Камерон Бортвик Џексон, Тим  Фосу Менсах, Андреас Переира, Џејмс Вилсон, Аднај Јанузај, Вил Кин, Тајлер Блекет и Педи Мекнир. Сите набројани фудбалери денеска тренираа со младиот тим.

Манчестер Јунајтед овие фудбалери или ќе ги продаде, или ќе ги испрати на позајмица, но јасно е дека следна сезона нема да дочекаат во дресот на Црвените ѓаволи, освен ако нешто драстично не се смени.