Мурињо повторно блеска: Зошто се плашите од освојување на титула?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалецот рече дека сериозно смета на Аднан Јанузај во иднина.

Новата сезона во Премиер лигата не ни почна, а Жозе Мурињо веќе почна да прибегнува со своите добри стари марифети.

Се чини дека англискиот елитен шампионат никогаш не бил посилен ниту поизрамнет.

За Тоа секако придонесе и Јунајтед со трансферите на Пол Погба, Ерик Бајли, Хенрик Михтаријан и Златан Ибрахимовиќ. Инаку, Црвените ѓаволи во првото коло во недела од 14:30 часот гостуваат кај Борнмут.

„Многу тимови во Премиер лигата мислат дека може да ја освојат титулата, но се плашат да го кажат тоа, па настапуваат дефинитивно пред медиумите. Јунајтед мора да каже гласно и да рече пред првото коло – сакаме да ја освоиме титулата!

Чувстуваме дека сме кандидати за трофеј, а знаеме дека постојат повеќе од три екипи кои имаат слични амбиции. Ако не бидеме шампиони, ќе биде некој друг, подобар од нас, тоа е фудбалот“, порача Мурињо.

Посебниот нема да може да смета на Пол Погба. Французинот е суспендиран поради жолти картони во Купот на Италија од минатата сезона.

„Го открив тоа пред два дена. Бев запознаен со жолтите картони, но не знаев дека тоа може да предизвика суспензија. Ќе биде спремен за Саутемптон“, рече менаџерот на Црвените ѓаволи.

Во минатата и во оваа недела го одбележа и конфликт на релација Жозе Мурињо – Аднан Јанузај.

Натурализираниот Белгиец премина на едногодишна позајмица во Сандерленд.

„Тој е и понатака во моите планови, затоа го испративме на калење во премиерлигашки клуб. Ако не не интересираше што ќе биде до него, ќе го испративме во Дортмунд. Јанузај е талентиран, но немаше да се наигра ако останеше. Не можеме да бидеме себични, мораме да размислуваме за играчите, а тој е на вистинско место, кај Дејвид Мојс кој го сака и цени“, рече Мурињо.

Португалецот, по обичај, најмалку зборуваше за тоа поради што и конференцијата е повикана.

“Борнмут е стабилен тим, нема да ни биде лесно. Истите играчи, ист менаџер, година за година. Не го променија својот стил на игра“, заклучи Посебниот.