Мурињо се нуди на Баварците: Ми треба уште една титула и Лига на шампиони…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Португалскиот стратег, Жозе Мурињо се препорача себеси да работи во германскиот фудбал, откако се доведе во прашање за преземање на минхенски Баерн.

Германските медиуми пренесоа дека челниците на Баерн го разгледуваат Мурињо, кој во декември доби отказ во Манчестер Јунајтед, па на лето ќе го наследи Нико Ковач.

„Би сакал третпат да ја освојам Лигата на шампионите со трет различен клуб, но и петти пат да бидам шампион во исто толку земји. Во Германија никогаш не сум работел. Зошто да не бидам таму тренер? Ќе видиме“, истакна Мурињо.

Мурињо беше шампион во Португалија со Порто, Англија со Челси, Интер во Италија и Реал Мадрид во Шпанија, а ЛШ ја освои со Интер и Порто.

Неодамна, според соптвените признанија, одби неколку понуди, меѓу кои беше и од онаа од Бенфика.