Мурињо се поклони пред Марадона пред дербито во Неапол (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите тренери во историјата, Жозе Мурињо пред вечерашното дерби меѓу Наполи и Рома реши да се поклони пред легендарниот Диего Армандо Марадона.

Мурињо пристигна со обезбедување и остави цвеќе пред Марадона, по што се поклони, а видеото беше објавено на официјалниот профил на Рома.

Португалецот имаше одличен однос со Аргентинецот и не пропушти можност да му оддаде почит.

Наполи вечерва нема право на грешка против Рома, затоа што евентуален пораз или реми би ги исфрлило од битката за Скудетото, каде што во пол-позиција се Милан и Интер.