Мурињо се сомнева дека повредата на Бејл била вистинска!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо се изнервира и јавно покажа сомнеж дека повредата на Герет Бејл била вистинска, со што дополнително го влоши односот со неговиот фудбалер.

Репрезентативецот на Велс пред неколку дена се пожали на повреда, поради која мораше да паузира на дуелот против Евертон,а Мурињо смета дека неговиот играч лажел и не сакал да игра против тимот од „Гудисон парк“.

„Во неделата имавме меч против ВБА и тој не играше. Во понеделникот повторно се пожали на повреда и побара да оди на прегледи. Не тренираше во понеделникот, а во вторникот немаше проблем. Мислам дека тоа не е повреда, но тој побара да работи со физиотерапевтите“, вели Мурињо.