Мурињо со неочекуван, но искрен коментар за Санчез: Отсекогаш го сметав за тажен човек…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде нависитна интересен коментар за новото засилување на Интер, Алексис Санчез.

Санчез пристигна во Манчестер Јунајтед додека Мурињо беше на клупата на овој тим, но Чилеанецот воопшто не се снајде на „Олд Трафорд“ па ова лето се пресели во Интер.

„Минатата година не беше среќен.  Ако не си среќен, во било која работа, тешко е да постигнуваш високи цели. Можеби јас не бев во можност да го извадам најдоброто од него. Секогаш сум го сметал за тажен човек“ –истакна Мурињо во интервју за „Телеграф“.