Мурињо со неверојатна споредба го објасни поразот на Јунајтед


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се поразени вчера од Борусија со 4:1.

Тренерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо имаше многу интересен коментар, но и оправдување за овој пораз.

„Во овој момент моторите кај нас и кај нив се подруги. Беше тоа борба меѓу Формула 1 и 3. Во овој момент тие се во многу подобра кондиција. Моментално имаме само неколку фудбалери во тимот кои можат да ги издржат овие напори, а останатите ќе мораат тоа да го направат наскоро. Не треба да заборавием и дека ги немавме Ибрахимовиќ, Марсијал, Фелаини и Шнајдерлин“, рече Жозе.

Да потсетиме дека Јунајтед следниот меч на турнејата во Кина ќе го игра во понеделник кога ривал ќе им биде Манчестер Сити.