Мурињо спрема сензационални трансфери: Два одлични Хрвати на мета!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо денеска и официјално е претставен на Олд Трафорд каде што откри дека сигурно уште ќе има засилувања на тимот.

Веќе е доведен дефанзивецот Баили и напаѓачот Ибрахимовиќ, а Шпанците пласирааат неверојатна информација дека го сака хрватскиот двоец Лука Модриќ и Иван Ракитиќ во средниот ред.

Мурињо и Модриќ веќе соработуваа во Реал, а ако се верува на Шпанците, Кралевите се спремни да го пуштат за одговарувачка оштета, пишува Гоал.

За Ракитиќ наводно Барселона веќе пронајде замена за него во Андре Гомеш од Валенсија и хрватскиот играч за врска ќе го загуби местото во првите 11 бидејќи во првите 11 Бускетс и Иниеста се сигурни.

А и Мурињо е наводно голем обожавател на Ракетата.

Хрватски среден ред во Јунајтед? Тешко е да се поверува, но…