Мурињо трчаше како мало дете по голот на Ел Шарави: Сите ги лажев… 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома синоќа на домашен терен го победи Сасуоло во мечот од третото коло во Серија А со 2-1, а херој на Римјаните беше Ел Шарави.

Ел Шарави постигна гол во 91. минута од натпреварот, по што Жозе Мурињо трчаше кон своите играчи за да ја прослави победата.

Ова беше 1000. натпревар за португалскиот тренер во неговата кариера и успеа да стигне до победа на драматичен начин.

Мурињо по натпреварот зборуваше дека не му претставува ништо јубилејот, но кога заврши дуелот призна дека лажел.

„Овие денови сите ги лажев. Им зборував дека овој меч не ми е важен, а имав голем страв дека ќе загубиме. За среќа победивме и трчав како мало дете“, вели Мурињо.