Мурињо во препознатлив стил застана во одбрана на Бејл!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем во рамки на второто коло од Лига Европа гостува кај Антверп, а ситуацијата пред мечот ја искористи тренерот Жозе Мурињо.

Мурињо најави дека Бејл ќе биде стартер во мечот, па реши да го испофали, иако репрезентативецот на Велс постојано добива критики.

„Секако дека ќе игра. Имаме податоци дека влегува во форма. Тренира и пример е за останатите. Играч како него беше во Барнли и го гледаше мечот од клупа. Има одлично однесување. се надеваме дека ќе се врати набрзо во форма“, вели Мурињо.

Бејл беше критикуван додека играше за Реал Мадрид, но Мурињо застана во негова одбрана.

„Репутацијата е една работа, а фактите се сосема нешто друго. Би сакал да ја имам неговата и четири трофеи освоени во Лигата на шампиони. Но, јас имам само две“, објасни Португалецот.