Мурињо во Тотенхем носи поранешна голема надеж на Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Жозе Мурињо во јануари би можел да го засили својот тим со цел да се обиде да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Англиските медиуми носат информација дека тренерот има листа со желби, а во јануари би можел да пристигне фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре.

Траоре минатото лето стигна во Вулверхемптон од Миделсбро за 20 милиони евра, а сезонава постигна четири гола и шест асистенции во 27 меча.

Овој фудбалер беше поранешна голема надеж на Барселона и ја помина познатата Ла Масија, но во 2015 година се пресели во Астон вила за 10 милиони евра.

Неговата цена во моментов изнесува 28 милиони евра, но сигурно Тотенхем ќе мора да плати многу повеќе за да го ангажира.