Мурињо жестоко го прозва Солскер: „Би сакал да ја имам неговата работа, тој зборува само за иднината“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот стручњак Жозе Мурињо доби голем аплауз кога се појави на трибините на Олд Трафорд.

Мурињо го следеше големото дерби на Манчестер Јунајтед и Ливерпул и беше дочекан со голем аплауз од страна на домашните навивачи и покрај тоа што доби отказ во декември изминатата година на клупата на Црвените Ѓаволи.

По натпреварот Мурињо не беше многу задоволен со играта на својот поранешен клуб кој нема премногу напредувано од неговото заминување. Португалецот порача дека ќе биде многу среќен ако сега е тренер на Јунајтед и ако ги има привилегиите што ги има Оле Гунар Солскер.

„Би сакал да најдам работа како Солскер. Тој коментира само за иднината откога дојде во Јунајтед“, порача Мурињо.

Јасно е дека Мурињо и понатаму е незадоволен што има добиено отказ, иако имаше многу подобри резултати од овие на Солскер, но управата на Јунајтед и понатаму му верува на норвешкиот стручњак.